1. Продолжувајќи да им зборува преку споредби, Исус им рече:
2. „Небесното царство може да се спореди со цар кој приредува свадба за својот син.
3. Ги испраќа своите слуги да ги повикаат поканетите на свадбата, но овие не сакаат да дојдат.
4. Повторно испраќа други слуги да им порачаат на поканетите: ,Гозбата е приготвена, јунците и телињата се заклани, си е готово, повелете на свадбата!‘
5. Меѓутоа, поканетите не сакаат да чујат, туку си заминуваат, кој на нива, кој на пазар.
6. Некои од нив дури ги тепаат слугите и ги убиваат.