Maтеј 21:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Ова се случуваше за да се исполни претскажаното од пророкот Захарија:

5. „Порачајте му на Ерусалим: Еве Го, иде Твојот цар, понизно јавајќи на магарица и на магаренце -рожбата на магарицата.“

6. Учениците отидоа и го извршија она што им го беше заповедал Исус:

7. ги доведоа магарицата и младото магаренце, ги ставија врз нив своите облеки и Исус седна на нив.

8. Голем број луѓе ги постилаа своите облеки по патот; други кршеа гранчиња од дрвјата и ги постилаа на патот.

Maтеј 21