Maтеј 21:35-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Но лозарите ги фатија слугите и едни претепаа, други убија, а некои каменуваа.

36. Тогаш сопственикот повторно испрати слуги, овојпат во поголем број, но и со нив постапија на ист начин.

37. Најпосле, сопственикот го испрати својот син, велејќи: ,Белки ќе имаат почит спрема син ми!‘

38. Но кога лозарите го видоа синот, си рекоа: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!‘

39. Го зграпчија, го исфрлија од лозјето и го убија.

40. Што мислите, како ќе постапи со нив сопственикот на лозјето кога ќе дојде?“ ги запраша Исус.

Maтеј 21