Maтеј 21:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. порачувајќи им вака: „Отидете во селото пред вас; таму веднаш ќе најдете врзана магарица со нејзиното младо магаренце. Одврзете ги и доведете Ми ги овде.

3. Ако некој нешто ви приговори, кажете му дека му се потребни на Господарот и тој веднаш ќе ги пушти.“

4. Ова се случуваше за да се исполни претскажаното од пророкот Захарија:

5. „Порачајте му на Ерусалим: Еве Го, иде Твојот цар, понизно јавајќи на магарица и на магаренце -рожбата на магарицата.“

6. Учениците отидоа и го извршија она што им го беше заповедал Исус:

Maтеј 21