Maтеј 21:16-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. И Му рекоа: „Слушаш ли што извикуваат децата!?“ А Исус им одговори: „Да! Зар во Псалмите не сте го читале ова: ,Усните на малите деца и на доенчињата ќе Ти оддаваат слава, Господе!?‘“

17. Тогаш Исус ги остави и излегувајќи од градот дојде во Бетанија, каде што и ноќеваше.

18. Рано утредента, на враќањето во Ерусалим, Исус огладне.

19. Забележувајќи една смоква покрај патот, се доближи, но бидејќи на неа најде само лисје, ја проколна, велејќи: „Род да нема на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши.

Maтеј 21