Maтеј 21:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Пристигнувајќи во близина на Ерусалим, дојдоа во градот Бетфага, на Маслиновата Гора, од каде што Исус испрати двајца од Своите ученици,

2. порачувајќи им вака: „Отидете во селото пред вас; таму веднаш ќе најдете врзана магарица со нејзиното младо магаренце. Одврзете ги и доведете Ми ги овде.

3. Ако некој нешто ви приговори, кажете му дека му се потребни на Господарот и тој веднаш ќе ги пушти.“

4. Ова се случуваше за да се исполни претскажаното од пророкот Захарија:

Maтеј 21