Maтеј 20:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Потоа го направи истото околу дванаесет часот, и уште еднаш околу петнаесет часот.

6. Кога излезе околу седумнаесет часот, виде и други луѓе како стојат, па им се обрати: ,Зошто безделничите овде цел ден?‘

7. ,Никој не ни понуди работа‘ му одговорија тие. Тогаш и ним им рече: ,Одете и вие на моето лозје!‘

8. Кога се стемни, господарот му рече на својот надзорник: ,Повикај ги работниците и исплати им по една надница на сите, почнувајќи од последните, па до првите.‘

Maтеј 20