Maтеј 20:30-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Покрај патот седеа двајца слепи и штом слушнаа дека Исус минува оттаму почнаа да викаат на сиот глас: „Господе, Сине Давидов, покажи милост спрема нас!“

31. Народот се обидуваше да ги замолкне, но тие уште погласно викаа: „Господе, Сине Давидов, покажи милост спрема нас!“

32. Исус застана, ги повика кај Себе и ги праша: „Што сакате да сторам за вас?“

33. „Да прогледаме, Господе!“ му одговорија тие.

34. Исус се сожали и им ги допре очите и тие наеднаш прогледаа и тргнаа по Него.

Maтеј 20