Maтеј 2:16-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Ирод збесна кога сфати дека мудреците го надитрија и нареди во Витлеем и во неговата околина да бидат убиени сите машки деца до двегодишна возраст согласно со времето што го беше дознал од мудреците.

17. Со ова се исполнуваше претскажаното од пророкот Еремија:

18. „Пискотници се слушаат во Рама, плач и тажни лелеци; Рахела плаче по своите деца и не сака да се утеши, зашто нив повеќе ги нема.“

19. По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов

20. и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и врати се во израелската земја, зашто изумреа тие што сакаа да Му го одземат животот на Детето.“

21. Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му и сите се вратија во израелската земја.

Maтеј 2