14. Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му Марија и ноќта заминаа за Египет.
15. И останаа таму си до смртта на Ирод. Со ова се исполнуваше претскажаното од Бог преку пророкот Осија: „Од Египет го повикав Мојот Син.“
16. Ирод збесна кога сфати дека мудреците го надитрија и нареди во Витлеем и во неговата околина да бидат убиени сите машки деца до двегодишна возраст согласно со времето што го беше дознал од мудреците.
17. Со ова се исполнуваше претскажаното од пророкот Еремија:
18. „Пискотници се слушаат во Рама, плач и тажни лелеци; Рахела плаче по своите деца и не сака да се утеши, зашто нив повеќе ги нема.“