Maтеј 18:28-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Но кога овој слуга излезе, сретна еден од своите другари кој му должеше сто денарии, па го фати за гуша и почна да го дави, викајќи му: „Врати ми го долгот!“

29. Тогаш неговиот другар клекна и почна да го моли: „Стрпи се со мене и ќе ти го исплатам целиот долг!“

30. Но овој не сакаше, туку го фрли в затвор додека не му го врати долгот.

31. Кога другите слуги видоа што се случи, многу се огорчија, па отидоа кај царот и му го кажаа сето ова.

32. Тогаш царот го повика оној слуга и му рече: „Колку си лош! Кога ти ме молеше, јас ти го простив целиот долг.

Maтеј 18