Maтеј 18:11-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. (Зашто Синот Човечки дојде за да ги спаси оние што се загубени.)

12. „Што мислите: ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да појде по ридот да ја бара загубената?

13. Па кога ќе ја најде, сигурно ќе ђ се радува повеќе отколку на деведесет и деветте кои не се загубиле!

14. Така ни вашиот небесен Татко не сака да се загуби ниедна душа, макар и од овие најмалечкиве.“

15. „Ако некој христијанин ти згреши, појди кај него и укажи му ја грешката насамо. Ако те послуша повторно си го придобил како свој ближен.

16. Ако не те послуша, појди кај него со уште еден или двајца сведоци, за да биде утврдена секоја изјава пред двајца или тројца сведоци.

Maтеј 18