1. Во тоа време учениците дојдоа кај Исус и Го прашаа: „Кој од нас ќе биде најголем во небесното царство?“
2. Исус повика кај Себе едно детенце, го исправи пред нив
3. и им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се покаете и не станете како малите деца, нема ни да влезете во небесното царство!
4. Најголем во небесното царство е оној што ќе се понизи и ќе биде како ова детенце.