Maтеј 17:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. „Секако“ им одговори Исус. „Најпрво треба да дојде Илија и да подготви си.

12. Но Јас ви кажувам дека Илија веќе дојде, а тие не го познаа и му го направија тоа што го сакаа. Така ќе мора да настрада од нив и Синот Човечки.“

13. Тогаш им стана јасно дека Исус им говореше за Јован Крстител.

14. Кога се вратија меѓу народот, на Исус Му пријде еден човек, клекна на колена,

15. и Му рече: „Господе, имај милост за син ми, зашто добива епилептични напади и многу се мачи; честопати паѓа де во оган де во вода.

Maтеј 17