1. По шест дни, Исус ги зеде со Себе Петар и браќата Јаков и Јован и ги поведе насамо на една висока планина.
2. Таму Тој се преобрази пред нив: лицето Му болсна како Сонцето, а облеката му стана блескаво бела, како светлина.
3. Наеднаш се појавија Мојсеј и пророкот Илија и разговараа со Исус.
4. Тогаш Петар Му рече на Исус: „Господе, колку ни е убаво овде! Ако сакаш, да направиме овде три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“
5. Додека тој зборуваше, блескав облак ги засени и се чу глас од облакот: „Ова е Мојот Син Мојот љубимец, со Кого наполно Сум задоволен; Него слушајте Го!“
6. Кога го слушнаа гласот, учениците многу се исплашија и паднаа ничкум.
7. Исус им пријде, ги допре и им рече: „Станете и не плашете се!“
8. Кога тие ги кренаа своите погледи, Го видоа само Исус и никој друг.