Maтеј 16:12-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Дури тогаш сфатија дека не им вели да се чуваат од квасец за леб, туку од она што го проповедаат фарисеите и садукеите.

13. Пристигнувајќи во околината на градот Цезареја Филипова, Исус ги запраша Своите ученици: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“

14. А тие одговорија: „Едни велат дека Си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека Си пророкот Еремија или еден од пророците.“

15. „А за кого Ме сметате вие?“ ги праша Исус.

16. Симон Петар прв се произнесе: „Ти Си Месијата Синот на живиот Бог!“

Maтеј 16