Maтеј 15:9-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘“

10. Тогаш Исус го повика народот да Му се приближи и му рече: „ Слушајте и сфатете дека,

11. не го погани човекот храната што ја внесува преку устата, туку она што го зборува и што го прави.“

12. По ова Му пристапија Неговите ученици и Му рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите се навредија од она што Ти го кажа?“

13. А Исус им одговори: „Секоја садница што не е насадена од Мојот небесен Татко, ќе биде искоренета!

14. Оставете ги; тие се слепи водачи кои водат слепи луѓе; а кога слепец води слепец обајцата ќе паднат во јама!“

15. Петар проговори и праша: „Објасни ни што сакаше да кажеш со оваа споредба?“

Maтеј 15