7. што тој со заклетва ђ вети дека ќе ђ даде си што ќе побара.
8. По совет на мајка си, таа му рече: „Донеси ми ја овде, на послужавник, главата на Јован Крстител!“
9. Царот зажали за своето ветување, но поради својата заклетва и поради гостите, тој заповеда желбата да ђ биде исполнета.
10. Испрати луѓе кои во затворот му ја отсекоа главата на Јован,
11. и ја донесоа на послужавник кај девојката, а таа ја однесе кај мајка си.
12. Потоа дојдоа Јовановите ученици, го зедоа неговото тело и го погребаа, а потоа Му јавија и на Исус.
13. Кога Исус слушна за погубувањето на Јован Крстител, си замина оттаму со бротче и дојде насамо на едно пусто место. Но народот од градовите дозна за тоа и се упати пеш дотаму.
14. А Тој, излегувајќи од бротчето, виде голема толпа народ. Душата Му се исполни со сочувство и ги исцелуваше болните меѓу нив.
15. На квечерина кај Исус дојдоа Неговите ученици и Му рекоа: „Доцна е веќе, а местово е пусто. Пушти ги луѓето да се вратат по селата и да си купат храна!“
16. А Исус им рече:„Нема потреба да одат; дајте им вие нешто да јадат.“
17. Тие Му одговорија: „Ние имаме овде само пет леба и две риби!“