Maтеј 14:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Но Исус веднаш им проговори и им рече: „Не плашете се, тоа сум Јас; смирете се!“

28. Во одговор, Петар Му рече: „Господе, ако си навистина Ти, направи да дојдам до Тебе газејќи врз водата!“

29. „Дојди!“ му рече Исус. Тогаш Петар се спушти од бродот и се упати кон Исус одејќи по водата.

30. Но кога ги виде високите бранови, се исплаши и почна да пропаѓа во водата и да вика: „Господе, спасувај!“

31. Исус веднаш му подаде рака, го прифати и му рече: „ Колку малку вера имаш! Зошто се посомнева?“

Maтеј 14