Maтеј 13:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Но штом запече сонцето, стебленцето свена и се исуши, бидејќи немаше доволно длабоки корени за да го одржат во живот.

7. Трет дел од семето падна меѓу трње. Кога пораснаа трњето го задушија стебленцето.

8. Конечно, дел од семето падна на плодна почва и донесе плод: едно стебло роди сто, друго шеесет, а трето триесет зрна.

9. Ако имате уши, слушајте внимателно!“ заклучи Исус.

10. Тогаш на Исус Му пристапија Неговите ученици и Го запрашаа: „Зошто му зборуваш на народот преку споредби?“

Maтеј 13