Maтеј 13:54-58 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

54. и се врати во Назарет своето поранешно живеалиште, каде што го поучуваше народот по синагогите. Сите што Го слушаа се чудеа и говореа: „Каде се стекнал овој човек со олкава мудрост и моќ да прави чуда?

55. Зар Тој не е синот на дрводелецот? Нели му е мајка Марија и нели му се браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда?

56. Нели се меѓу нас и сите Негови сестри? Каде ли се здобил овој човек со сето ова?“

57. Жителите на Назарет Го пречекаа со сомневања. Тогаш Исус им рече: „Пророкот останува без признание единствено во својот град и во своето семејство.“

58. И бидејќи Го дочекаа со недоверба, Тој не направи таму многу чуда.

Maтеј 13