Maтеј 13:50-54 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

50. и ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби.“

51. „Го разбравте ли сето ова?“ ги запраша Исус. „Да!“ Му одговорија тие.

52. А Тој им рече: „Тогаш, секој вероучител којшто станал ученик на небесното царство може да се спореди со домаќин кој од своите ризници ќе може да извади и ново и старо.“

53. Штом Исус заврши со изложувањето на споредбите, си замина оттаму,

54. и се врати во Назарет своето поранешно живеалиште, каде што го поучуваше народот по синагогите. Сите што Го слушаа се чудеа и говореа: „Каде се стекнал овој човек со олкава мудрост и моќ да прави чуда?

Maтеј 13