48. Кога мрежата ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот, седнуваат, и добрите риби ги издвојуваат во кошеви, а лошите ги фрлаат.
49. Така ќе биде и на крајот на светот: ќе излезат ангелите, ќе ги издвојат грешниците од праведниците,
50. и ќе ги фрлат во огнена печка, каде што ќе има пискоти и крцкање со заби.“
51. „Го разбравте ли сето ова?“ ги запраша Исус. „Да!“ Му одговорија тие.
52. А Тој им рече: „Тогаш, секој вероучител којшто станал ученик на небесното царство може да се спореди со домаќин кој од своите ризници ќе може да извади и ново и старо.“
53. Штом Исус заврши со изложувањето на споредбите, си замина оттаму,
54. и се врати во Назарет своето поранешно живеалиште, каде што го поучуваше народот по синагогите. Сите што Го слушаа се чудеа и говореа: „Каде се стекнал овој човек со олкава мудрост и моќ да прави чуда?
55. Зар Тој не е синот на дрводелецот? Нели му е мајка Марија и нели му се браќа Јаков, Јосиф, Симон и Јуда?
56. Нели се меѓу нас и сите Негови сестри? Каде ли се здобил овој човек со сето ова?“
57. Жителите на Назарет Го пречекаа со сомневања. Тогаш Исус им рече: „Пророкот останува без признание единствено во својот град и во своето семејство.“
58. И бидејќи Го дочекаа со недоверба, Тој не направи таму многу чуда.