Maтеј 13:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Истиот ден Исус излезе од куќата и седна на брегот на езерото.

2. Околу Него се насобра голема толпа народ и Тој се искачи и седна на едно бротче, а народот остана да стои на брегот.

3. И му говореше за многу нешта, користејќи се со споредби.

4. „Еден сејач излезе да сее на својата нива. Сеејќи така, дел од семето падна на тврда почва, покрај патот; долетаа птици и го исколваа.

5. Друг дел од семето падна на каменеста почва, каде што имаше малку земја, и тоа брзо никна бидејќи земјата беше плитка.

Maтеј 13