Maтеј 1:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Таа ќе роди Син на кој ќе Му дадеш име Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови.“

22. А сето ова се случи за да се исполни она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија:

23. „Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син; и ќе го наречат Имануел, што во превод значи ,Бог е со нас.‘“

24. Кога стана од спиење, Јосиф постапи така како што му беше наредил ангелот Господов, и ја зеде Марија за своја жена.

25. Но Јосиф ја запази Марија како девица, си додека таа не роди Син, на кој тој Му даде име Исус.

Maтеј 1