Марко 9:18-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Кога ќе добие напад паѓа наземи, устата му пени, крцка со забите и се вкочанува. Ги замолив Твоите ученици да го ослободат од демонскиот дух, но тие не можеа.“

19. Тогаш Исус рече: „Ах, безверен народе! До кога ќе морам да бидам со вас и да ве поднесувам!? Доведете го момчето кај Мене!“

20. Го доведоа момчето. Кога демонскиот дух во него Го виде Исуса, веднаш го нападна момчето: тресејќи се, момчето падна на земјата, почна да се валка, а од устата му излегуваше пена.

21. Исус го праша таткото на момчето: “Од кога му е вака?“ “Уште од детството“ - одговори таткото.

Марко 9