Марко 8:8-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Сите се најадоа до наситување, а собраа и седум кошници остатоци од храната.

9. Присутните беа на број околу четири илјади души. По ова, Исус го испрати народот да си оди.

10. Веднаш потоа, придружуван од Своите ученици, Исус се качи на едно бротче и отплови во месноста Далманута.

11. Група фарисеи дојдоа кај Исус и почнаа да се расправаат со Него. Со намера да Го искушуваат, тие бараа од Него да им изведе некое чудо со кое ќе докаже дека Тој доаѓа од небото.

12. Исус длабоко воздивна и рече: „Зошто постојано барате некаков чудотворен знак? Ве уверувам дека на вашата генерација таков знак нема да и се даде!“

13. Потоа ги остави, се качи на бротчето и отплови на спротивната страна од езерото.

14. Учениците на Исус заборавија да понесат леб со себе; во бротчето имаа само еден леб.

Марко 8