Марко 8:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Откако Исус го поседна народот по земјата, ги зеде седумте леба и ги благослови. Потоа ги раскрши на парчиња и им ги подаваше на учениците да му ги разделуваат на народот.

7. Имаа и малку риби и откако Исус ги благослови и нив, им рече на учениците да им ги разделат на луѓето.

8. Сите се најадоа до наситување, а собраа и седум кошници остатоци од храната.

9. Присутните беа на број околу четири илјади души. По ова, Исус го испрати народот да си оди.

Марко 8