4. Учениците Му одговорија: „Местово е пусто; каде ќе најдеме храна да нахраниме толку народ!?“
5. „Колку леба имате?“ - ги праша Исус. „Седум леба“ - одговорија тие.
6. Откако Исус го поседна народот по земјата, ги зеде седумте леба и ги благослови. Потоа ги раскрши на парчиња и им ги подаваше на учениците да му ги разделуваат на народот.
7. Имаа и малку риби и откако Исус ги благослови и нив, им рече на учениците да им ги разделат на луѓето.