Марко 8:16-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Разговарајќи меѓу себе, учениците заклучија: „Ни приговара зашто заборавивме да земеме леб!“

17. Но Исус, знаејќи што мислат, им рече: „Зошто го поврзувате ова со тоа што немате леб!? Како не можете веќе да сфатите!? Зар умовите ви се заспани!?

18. Имајќи си очи, не гледате, и имајќи си уши, не слушате!

19. Помните ли колку кошници ви останаа кога со пет леба нахранив пет илјади души?“ Тие Му одговорија: „Дванаесет!“

20. Исус продолжи: „А колку кошници ви останаа кога со седум леба нахранив четири илјади души?“ Тие Му одговорија: „Седум!“

21. „Сe уште не разбирате, нели?“ - им рече Исус.

Марко 8