12. Исус длабоко воздивна и рече: „Зошто постојано барате некаков чудотворен знак? Ве уверувам дека на вашата генерација таков знак нема да и се даде!“
13. Потоа ги остави, се качи на бротчето и отплови на спротивната страна од езерото.
14. Учениците на Исус заборавија да понесат леб со себе; во бротчето имаа само еден леб.
15. Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот на фарисеите и на Ирод!“
16. Разговарајќи меѓу себе, учениците заклучија: „Ни приговара зашто заборавивме да земеме леб!“
17. Но Исус, знаејќи што мислат, им рече: „Зошто го поврзувате ова со тоа што немате леб!? Како не можете веќе да сфатите!? Зар умовите ви се заспани!?
18. Имајќи си очи, не гледате, и имајќи си уши, не слушате!
19. Помните ли колку кошници ви останаа кога со пет леба нахранив пет илјади души?“ Тие Му одговорија: „Дванаесет!“
20. Исус продолжи: „А колку кошници ви останаа кога со седум леба нахранив четири илјади души?“ Тие Му одговорија: „Седум!“
21. „Сe уште не разбирате, нели?“ - им рече Исус.