19. зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и оттаму се исфрла!?“ Со ова Исус го одобри секој вид храна.
20. Потоа продолжи: „Човекот духовно се опоганува од она што излегува од него.
21. Зашто, однатре, од човековото срце, излегуваат грешните мисли кои водат кон неморал, кражби, убиства,
22. брачни неверства, алчност, лошотија, измами, завист, навреди, горделивост и безумија.
23. Сите овие лоши работи излегуваат однатре и тие се што го опогануваат човекот.“