Марко 7:14-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Тогаш Исус повторно го повика народот кај Себе и му рече: „Слушајте Ме внимателно и со расудување!

15. Ниедна храна што ја јадете нема духовно да ве опогани, туку лошите зборови и постапки ве опогануваат!“

16. (Кој има уши, нека слуша!)

17. Кога Исус се раздели од народот, влезе во една куќа, а Неговите ученици Го прашаа за значењето на споредбата.

18. А Тој им рече: „Зар и вие сe уште не разбирате? Зар не сфаќате дека храната што ја јадете духовно не ве опоганува,

19. зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и оттаму се исфрла!?“ Со ова Исус го одобри секој вид храна.

Марко 7