13. Значи, укинувате Божја заповед за да ги воведете своите преданија! И многу други вакви работи правите!“
14. Тогаш Исус повторно го повика народот кај Себе и му рече: „Слушајте Ме внимателно и со расудување!
15. Ниедна храна што ја јадете нема духовно да ве опогани, туку лошите зборови и постапки ве опогануваат!“
16. (Кој има уши, нека слуша!)
17. Кога Исус се раздели од народот, влезе во една куќа, а Неговите ученици Го прашаа за значењето на споредбата.