Марко 6:26-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. На царот му падна тешко, но не сакаше да си го прекрши ветувањето што го беше дал пред гостите.

27. Затоа тој веднаш го испрати ?елатот да му ја донесе главата на Јован.

28. Овој отиде, му ја отсече главата на Јован во затворот и на послужавник и ја донесе на девојката, која и ја предаде на мајка си.

29. Кога учениците на Јован разбраа дека тој е погубен, го зедоа неговото тело и го погребаа.

30. Апостолите повторно се собраа кај Исус и почнаа да Му раскажуваат за делата и поуките што ги извршиле.

Марко 6