Марко 5:38-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Кога стигнаа во куќата на Јаир, Исус забележа дека луѓето плачат и лелекаат на цел глас.

39. Влегувајќи внатре, Исус им рече: „Зошто плачете и лелекате? Девојчето не е мртво, туку спие!“

40. Тие на тоа Му се подбиваа. Исус нареди сите да излезат надвор, а внатре ги задржа само таткото и мајката на девојчето и тројцата Свои ученици кои Го придружуваа. Влегоа кај девојчето.

41. Исус го фати за рака и рече: „Талита, куми!“ Ова на арамејски јазик значи: „Девојче, стани!“

42. Девојчето веднаш стана и одеше. Тоа имаше дванаесет години. Сите беа вчудовидени!

43. Но Исус им нареди за ова никому да не кажуваат. Потоа им рече: „Дајте му на девојчето нешто да јаде.“

Марко 5