Марко 5:38-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Кога стигнаа во куќата на Јаир, Исус забележа дека луѓето плачат и лелекаат на цел глас.

39. Влегувајќи внатре, Исус им рече: „Зошто плачете и лелекате? Девојчето не е мртво, туку спие!“

40. Тие на тоа Му се подбиваа. Исус нареди сите да излезат надвор, а внатре ги задржа само таткото и мајката на девојчето и тројцата Свои ученици кои Го придружуваа. Влегоа кај девојчето.

Марко 5