Марко 5:29-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Крвавењето веднаш и запре и таа почувствува дека нејзиното тело оздраве.

30. Во истиот момент и Исус почувствува дека од Него излезе исцелителна сила. Обраќајќи му се на народот, запраша: „Кој се допре до мојата облека?“

31. Учениците Му одговорија: „Гледаш колку народ се турка околу Тебе и прашуваш кој Те допрел!?“

32. Но Исус се сврте да види кој Го допре.

Марко 5