25. Меѓу народот имаше една жена која крвавела веќе дванаесет години.
26. Се намачила одејќи по лекари на кои го потрошила сиот свој имот, но напразно - состојбата уште повеќе и се влошувала.
27. Оваа жена слушала што се зборува за Исус. Крадешкум, таа се доближи до Исус одзади и се допре до Неговата облека.
28. Зашто, во себе си велеше: „Само да се допрам до Неговата облека - ќе оздравам!“
29. Крвавењето веднаш и запре и таа почувствува дека нејзиното тело оздраве.
30. Во истиот момент и Исус почувствува дека од Него излезе исцелителна сила. Обраќајќи му се на народот, запраша: „Кој се допре до мојата облека?“
31. Учениците Му одговорија: „Гледаш колку народ се турка околу Тебе и прашуваш кој Те допрел!?“
32. Но Исус се сврте да види кој Го допре.
33. Жената, тресејќи се од страв и знаејќи што се случи со неа, клекна на колена пред Него и Му ја кажа целата вистина.
34. Исус и рече: „Ќерко! Ти оздраве врз основа на твојата вера. Оди си спокојна и здрава.“
35. Додека Исус зборуваше, пристигнаа некои од роднините на Јаир и му рекоа: „Ќерка ти умре; не додевај Му повеќе на Учителот!“
36. Исус слушна што рекоа луѓето, но му рече на Јаир: „Само верувај Ми и не плаши се!“
37. Исус не му дозволи никому да дојде со Него, освен на Петар и на двајцата браќа Јаков и Јован, следбеници на Исус.