Марко 3:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Исус му се обрати на човекот со парализирана рака: „Дојди, застани пред сите!“

4. Потоа праша: „Што треба да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спаси некој човечки живот, или да се уништи?“ Сите молчеа.

5. Исус налутено ги изгледа сите по ред. Сепак, Му стана жал за нив, поради нивната тврдоглавост. Потоа му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи и раката му оздраве.

6. Фарисеите веднаш излегоа и заедно со приврзаниците на Ирод се договорија да Го убијат Исуса.

Марко 3