Марко 3:29-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. но нема простување за оној што ќе го навреди Светиот Дух; таквиот грев вечно ќе го товари.“

30. Исус го рече ова, зашто за Него говореа дека е обземен со демонски дух.

31. Тогаш пристигнаа мајка Му и браќата на Исус. Стоејќи надвор, тие испратија некого да Го повика.

32. Токму тогаш околу Него се беше насобрал многу народ и некои меѓу нив Му рекоа: „Ене ги надвор мајка ти, браќата и сестрите Твои и Те викаат!“

33. А Тој им одговори: „Која ми е мајка и кои ми се браќа и сестри?“

34. Покажувајќи на седнатите околу Него, додаде: „Еве ги мајка Ми и браќата Мои!

35. Секој што ја извршува Божјата волја ми е и брат и сестра и мајка!“

Марко 3