Марко 15:33-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Напладне се спушти густа темнина по целата земја и траеше до петнаесет часот.

34. Во петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’мах ш’вактани!?“ Тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?“

35. Некои од присутните го слушнаа ова, но погрешно го разбраа, па рекоа: „Го довикува Илија!“

36. Еден од нив веднаш истрча, натопи сунѓер во оцет, го закачи на врвот од трска и Му понуди на Исус да се напие. Потоа рече: „Чекајте да видиме дали ќе се појави Илија да Го симне!“

37. Исус уште еднаш извика со силен глас и умре.

38. Во истиот момент, завесата во храмот се расцепи на два дела, озгора додолу.

Марко 15