Марко 15:27-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Заедно со Исус распнаа и двајца злосторници: едниот од десната, а другиот од левата страна на Исус.

28. (Со тоа се исполни Светото Писмо, кое претскажа: ,Ќе биде изедначен со злосторници‘.)

29. Минувачите Го навредуваа Исуса, нишаа глави и говореа: „Ти што тврдеше дека ќе ни го урнеш храмот и за три дена повторно ќе го изградиш,

30. слези од крстот и спаси се!“

Марко 15