Марко 15:12-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Пилат повторно му се обрати на народот, прашувајќи го: „А што да правам со овој човек што Го нарекувате Цар на Евреите?“

13. Тие гласно извикаа: „Распни Го на крст!“

14. Пилат ги праша: „А какво злосторство извршил?“ Но тие уште погласно викаа: „Распни Го на крст!“

15. Тогаш Пилат, сакајќи да ја задоволи толпата, го ослободи Бараба, а Исуса Го предаде на камшикување, а потоа и на римските војници да Го распнат.

16. Војниците Го воведоа Исуса во дворот на палатата, во таканаречениот ,преториј‘ и повикаа уште цела чета војници.

17. Му облекоа црвена наметка, а на главата Му ставија венец исплетен од трнови гранчиња.

18. Потоа почнаа да Му се подбиваат, викајќи: „Здраво, Цару на Евреите!“

Марко 15