Марко 15:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Пилат повторно му се обрати на народот, прашувајќи го: „А што да правам со овој човек што Го нарекувате Цар на Евреите?“

13. Тие гласно извикаа: „Распни Го на крст!“

14. Пилат ги праша: „А какво злосторство извршил?“ Но тие уште погласно викаа: „Распни Го на крст!“

15. Тогаш Пилат, сакајќи да ја задоволи толпата, го ослободи Бараба, а Исуса Го предаде на камшикување, а потоа и на римските војници да Го распнат.

Марко 15