Марко 14:65-69 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

65. Тогаш некои од луѓето почнаа да Го плукаат Исуса. Му ги врзаа очите, Го удираа со тупаници и Му велеа: „Погоди кој те удри!“ И чуварите Го удираа по главата.

66. Додека Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на Првосвештеникот

67. и го виде Петар како се грее крај огнот. Се загледа во него и му рече: „И ти беше со Назареќанецот Исус!“

68. Но Петар одрекуваше, велејќи: „Не е точно тоа што го тврдиш!“ Потоа се упати кон вратата и во тој момент запеа петел.

69. Слугинката повторно го виде Петар и одново им се обрати на присутните: „И овој е од нив!“

Марко 14