Марко 14:55-59 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

55. Свештеничките поглавари и целиот Врховен совет сакаа да Го погубат Исуса и затоа бараа сведоци против Него, но не најдоа.

56. Всушност, се јавија многу лажни сведоци, но нивните обвиненија не се совпаѓаа.

57. Тогаш станаа некои луѓе и изнесоа лаги, велејќи:

58. „Лично Го чувме како вели: ,Ќе го разурнам овој храм изграден со човечка рака и за три дена ќе изградам друг што нема да биде изграден од човечка рака!‘“

59. Но и нивните обвинувања не се совпаѓаа едни со други.

Марко 14