Марко 14:54-58 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

54. Петар Го следеше оддалеку, сe до дворот на Првосвештеникот. Таму седна да се грее околу огнот, заедно со чуварите.

55. Свештеничките поглавари и целиот Врховен совет сакаа да Го погубат Исуса и затоа бараа сведоци против Него, но не најдоа.

56. Всушност, се јавија многу лажни сведоци, но нивните обвиненија не се совпаѓаа.

57. Тогаш станаа некои луѓе и изнесоа лаги, велејќи:

58. „Лично Го чувме како вели: ,Ќе го разурнам овој храм изграден со човечка рака и за три дена ќе изградам друг што нема да биде изграден од човечка рака!‘“

Марко 14