Марко 14:48-52 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

48. А Исус им рече: „Што сте излегле против Мене со мечеви и со стапови?

49. Секојдневно седев со вас во храмот и поучував, ама не Ме уапсивте. Но мора да се исполнат запишаните претскажувања за Мене.“

50. Тогаш сите ученици на Исус се разбегаа и Го напуштија.

51. По Него одеше само едно момче наметнато со платно на голото тело.

52. Се обидоа и него да го фатат, влечејќи го за платното, но момчето го остави платното и им побегна.

Марко 14