Марко 14:29-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Петар се огласи, велејќи: „Дури и ако сите други потклекнат, јас нема да потклекнам!“

30. Исус му одговори: „Те уверувам дека токму ти, уште ноќва, пред второто пеење на петлите, трипати ќе се откажеш од Мене!“

31. „Ни по цена да загинам со Тебе, јас нема да Те изневерам!“ - самоуверено рече Петар. Истото го велеа и сите други ученици.

32. Заедно со Своите ученици, Исус дојде во местото Гетсемани и им рече: „Седете овде додека отидам да се помолам.“

Марко 14